Политичката ситуација ќе ја чини земјата, но Македонија мора да се посвети на спроведувањето на итните реформски приоритети, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски.
-Во оваа фаза не зборуваме за препорака, тоа е нешто што го оценува Комисијата и таа во ноември повторно ќе има извештај и видување. И во овој дел политичката криза има цена на чинење, но доколку го задржиме фокусот на спроведувањето на итните реформски приоритети, без разлика на тоа колку брзо ќе се одвиваат другите работи поврзани со политичкиот дијалог, Македонија е земја која има капацитет да води преговори со ЕУ. Остатокот е политичко прашање, Советот носи одлуки врз основа политичка проценка – истакна Попоски.
Според него, политичките кризи не се ексклузивитет во Македонија, Балканот а, ниту, пак, во ЕУ.