Трајанов бара експертска влада да го реформира судството

by Фокус

 

Формирање на Експертска Влада, која треба да спроведе реформи во судскиот систем и безбедноста и целосна деполитизација на државните институции, побара пратеникот и лидер на ДС Павле Трајанов, со цел да се разреши политичката криза, да се нормализира животот и деблокираат евро-интеграциските процеси.

„Протестите се одраз на незадоволството на граѓаните и своевиден демократски притисок за организирање на слободни избори кои треба да се организираат во најкус период“, истакнал Трајанов на средбата со амбасадорот на Холандија во земјава, Воутер Пломп.

Поврзани новости