НСДП: Груевски не паѓа со договор, туку под принуда

by Фокус 14:58
14:58

 

Ваква забегана влада не може да се доведе во нормала со договор на преговарачка маса, туку мора да се принуди на оставка и да се отвори процес на формирање на влада на национално единство, која ќе подготви фер и демократски избори, смета опозицискиот НСДП предводен од Тито Петковски.

„Долготрајните, непродуктивни, јалови преговори на четирите водечки партии, во кои се вклучени и претставниците на меѓународната заедница, далеку од очите на јавноста не понудија и нема да понудат решение за излез од политичката и севкупна општествена криза“, се наведува во соопштението на НСДП.

Поврзани новости