Денешната средба меѓу македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и неговиот грчки колега Никос Коѕиас во Атина не донесе ништо ново во однос на решавање на спорот кој Грција го има со името на Македонија.
-Меѓу Македонија и Грција постојат суштински разлики околу надминување на спорот за името. Ќе мораме да искачиме планина за да го решиме овој проблем, изјави министерот Попоски.
Според Коѕиас, двете страни трагаат по „чесен компромис кој ќе ги победи иредентизмот и екстремниот национализам на обете страни“.
МИА пренесува дека на средбата е разговарано и за мерките за градење доверба кои, како според Попоски, можеби се симболични, но се многу значајни во поголем број области, вклучително и економската, културната и образовната соработка.