Попоски: Изведен е погрешен заклучок во изјавата на Кукан

by fokus

Никола Попоски, министер за надворешни работи вели дека е изведен погрешен заклучок во изјавата на европратеникот Едвар Кукан дека наводно Попоски  му рекол дека е уставна можноста пратениците да се соберат и да формираат влада, дури и ако претседателот Ѓорге Иванов не го даде мандатот.

 Кукан кој беше еден од преговарачите во Договорот од Пржино оваа изјава ја дал  во интервју за емисијата „Европски патокази“, на што реагира министерот Попоски:

„Во однос на натписот дека е возможно „да се формира Влада без мандат од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов” би сакал да укажам дека се работи за погрешен заклучок, што е надвор од уставната рамка.

 Европратеникот Едвард Кукан го информирав за можните чекори за излез од тековната политичка криза од два аспекти: формален и суштински. Во формалниот дел се повикав нa обраќањето на ПРМ Иванов во однос на оваа тема, кој истакна дека мандатот може да се побара по институционален пат, преку Собранието на Република Македонија во кое мнозинство може да избере Претседател на законодавниот дом, со што би се утврдило мнозинството во Парламентот, кое потоа, преку Претседателот на СРМ може да побара мандат за формирање на Влада од Претседателот на државата.“

 Попоски додава дека во однос на вториот аспект, го информирал Кукан „дека претседателот Иванов посочи на суштински проблем околу содржината на тоа што би ја дефинирало агендата на новата Влада која беше најавена од лидерот на СДСМ“.

Поврзани новости