Нема време за губење, потребна е нова влада, порача Хан и ги започна средбите

by fokus

Лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами е првиот што ќе се сретне со еврокомесарот Јоханес Хан, на разговор во Собранието.

Пред почетокот на средбата, еврокомесарот испрати порака на Твитер во која вели: Потребно е нова Влада за спроведување на реформите. Нема време за губење!

Инаку, Хан доаѓа во Македонија да го убрза процесот за излез од кризата, кој заглави во ќор-сокак, откако претседателот Ѓорге Иванов по втор пат одби да го додели мандатот за состав на влада. Овој пат пак, претседателот одби да се сретне со Хан, бидејќи се што имал веќе му кажал, односно дека не го дава мандатот без отфрлање на албанската платформа.

Поврзани новости