Поплавени куќи во општина Липково

by Фокус

Интензивниот дожд кој паѓаше во текот на изминатата ноќ предизвика излевање на реките Слупчанка и Матејчанка во Општина Липково. Од регионалниот Центар за управување со кризи соопштија дека во селото Опае, реката Слупчанка поплавила неколку куќи.

Екипа од Општина Липково е на терен, каде што со помош на пумпи се врши испумпување на надојдената вода.

Поради обилните дождови, поплавени се и обработливи површини во околината на село Матејче, каде од речнито корито се излеа реката Матејчанка.

Од Центарот додаваат дека до осум часот утринава биле измерени 14, 8 литри дожд на метар квадратен.

Поврзани новости