Венизелос го напушти НАТО состанокот поради името Македонија

by Фокус

Шефот на грчката дипломатија, Евангелос Венизелос, го напуштил состанокот на 60 земји на коалицијата за борба против Исламската држава, на кој САД прифатиле да стои името Македонија, а не ПЈРМ на списокот на земји кои се учесници во коалицијата, јавува сајтот Greekreporter.com

Грчкото министерство за надворешни работи испратило официјално соопштение во кое се вели дека Венизелос ги напуштил самитот во знак на протест поради употребата на нашето уставно име.
Според Грција, САД, не ја следеле утврдената процедура на ОН за употреба на ПЈРМ. Нашата земја го потпишала официјалниот список за коалицијата за борба против Исламската држава со името Македонија што го налутило Венизелос.

По заминувањето на Венизелос Грција била претставена на состанокот на НАТО од страна на грчкиот претставник во оваа организација.

 

Поврзани новости