Утре завршува пописот на населението и домаќинствата.
Еден ден пред завршување на пописот, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, најавува дека нема да се бара дополнителен рок за завршување на оваа операција.
Тој уверува дека Заводот е добро организиран и оти утре се ќе заврши според планираното.
За продолжување на пописот партиите имаат различни ставови.
Од СДСМ велат дека немаат конкретен став додека евентуално не дојде таква иницијатива од Заводот за статистика.
Oд ДУИ рекоа дека ќе ја поддржат секоја иницијатива на надлежните институции, додека од Алијанса за Албанците побараа пописот итно да биде продолжен преку законски измени во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, најави дека нема да учествува на евентуална таква седница.