На територијата на Македонија наредната година ќе биде спроведен долгоочекуваниот попис на населението.
Како што истакна директорот на Државен завод за статистика, Апостој Симевски, пописот ќе трае три седмици и истиот ќе чини околу 8.5 милиони евра.
„Во претстојниот попис ќе учествуваат околу 6.000 лица. Тој ќе ги опфаќа сите лица, вклучувајќи ги тие што се присутни и отсутни од државата. Со законот е предвидено, оние кои нема да се самопотпишат, податоци да дадат оние кои најдобро ги познаваат. Очекуваме за шест месеци по пописот, да имаме конечни резултати. Пописот е скапа операција, трае долго време и ќе чини околу 8.5 милиони евра. Дел од тие средства ќе се потрошат во оваа година со цел да се снабдиме со опрема. Пописот ќе трае од 1 до 21 април, 2020 година. Ќе имаме една седмица за дополнително проверки. Што се однесува до дијаспората, класичен попис нема да има. Тие ќе имаат можност да се потпишат преку посебна веб-апликација“, истакна Симевски.