Стаменковска до СДСМ: Вие не дозволивте Груевски да се пријавува за отсутен

by fokus

Во овој момент пратеникот Никола Груевски не ги исполнува условите бидејќи пријавувањето за отсустен во ова Собрание е спречен да го направи и тоа спречен точно од целата пратеничка група на СДСМ, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, на денешната комисиска расправа за мандатот на Груевски.

-Во Република Македонија се живее во услови на репресија, вадење и ставање во притвор според политички потреби. Наместо напредување на политичкиот систем, Македонија има уназадување. Пратеникот Никола Груевски не е бегалец како што милувате да го наречете, тоа е лице кое има добиено политички азил од страна земја членка на ЕУ – рече Стаменковска обраќајќи им се на пратениците на СДСМ.

Според неа во Унгарија повеќе се почитуваат човековите слободи и права отколку во Македонија.

-Деловникот во Собранието дозволува пријавување отсуство на секој пратеник кој е спречен од било какви причини да дојде на работа. Вие не дозволивте со вашите репресивни мерки пратеникот Никола Груевски да се пријавува за оправдано отсутно лице. ВМРО-ДПМНЕ опстојува на чесно и доследно применување на законите без оглед на политичката припадност, за разлика од криминалноста и селективноста во примената на законите која се спроведува од страна на власта – рече Стаменковска.

По нејзиното обраќање Комисијата со пет гласа „за“ го усвои предлогот за одземање на мандатот, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.

Поврзани новости