410
Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов.
Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот.
Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик, соопштија од Министерството за транспорт и врски.