Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Помирувачот помеѓу СОНК и Владата е десна рака на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, вработен во нејзиниот кабинет, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска. СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени. Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите, обвинува опозицијата.

Инаку од вчера штрајкот на наставниците е ставен во мирување, а преговорите меѓу Владата и СОНК продолжуваат. Процесот на медијација започна вчера со првата воведна средба на ниво на работни групи помеѓу МОН и СОНК, а согласно Законската одредба ќе трае во наредните 9 дена.

-Штрајкот не е прекинат, туку е само ставен во мирување во наредните 10 дена кој рок е предвиден согласно член 18, став 2 во постапката за мирно решавање на колективниот спор. Согласно член 19 став 2 од Законот, МТСП назначи арбитар кој веднаш започна со постапката за помирување, објаснуваат од СОНК.

Поврзани новости