841
Полскиот претседателот Анджеј Дуда утре ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки во петок ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски.
Воедно, предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со премиерот Зоран Заев.
Како што соопшти Кабинетот на полскиот претседател, посетата на земјава Дуда ќе ја почне утре вечер со церемонија на доделување Медал на претседателот на Република Полска на Здружението на полската заедница во Северна Македонија „Полонија“.