Полска се повлекува од Истанбулската конвенција за заштита на жените, протести низ државата

by Fokus

Полска ќе започне процедура за повлекување од спогодбата за спречување насилство врз жените, нешто што десноориентираната влада на државата тврди дека наметнува контроверзни идеологии за полот, истакнал министерот за правда на Полска, Збигнеј Зиобро.

Ројтерс јави дека министерот во изјава за медиумите рекол дека наредна недела ќе започнат постапка за повлекување од Истанбулската конвенцијата која сметаат дека содржи „елементи од идеолошка природа кои тие ги сметаат за штетни.“

Илјадници граѓани, повеќето жени, протестираа во Варшава и во други градови, откако владата најави дека Полска ќе се повлекува од конвенцијата. Толпа од илјадници демонстранти се собра пред седиштето на Ordo luris, ултра-конзервативно здружение кое водело кампања против конвенцијата.

Полска во 2015 ја потпишала Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, додека државата била водена од централноориентираната Civic Platform, но со доаѓањето на власт на партијата „Закон и правда“ во 2015 рекле дека ќе ја повлечат земјата од спогодбата.

Критичарите на спогодбата веруваат дека конвенцијата ги крши правата на родителите со тоа што бара од училиштата да ги учат децата за родова идеологија, што се коси со полските семејни вредности.

Владејачката партија во Полска во последно време исто така ги искажува и своите ставови против правата на ЛГБТИ заедницата и правото на абортус.

Конвенцијата која стапила на сила на 1 август 2014, е потпишана од 45 држави и од Европската Унија, а е ратификувана од 34 земји.

Поврзани новости