703
Полнетите бабури може да бидат и посни доколку ги направите по следниов рецепт:
Состојки:
4 бабури
2 Тимко туни
400 грама Пекабеско пченка
2 млади кромитчиња
1 марула
1 лимон
сол и црн пипер
Бабурите ги миеме, чистиме и подготвуваме за полнење.
Во сад ги ставаме Тимко туната, Пекабеско пченката која претходно е сварена, младиот кромид исечен на тркалца, ситно исецканата марула, сокот од еден лимон и зачините.
Убаво промешуваме да се изедначи смесата со сите состојки и потоа ги полниме бабурите.
Сервирајте по ваш вкус или како на фотографијата 🙂