Токсикологија го демантира доктор Поповски: Немало никаков физички напад

by Фокус

Скопската Клиника за токсикологија го демантираше доктор Нестор Поповски, кој вчера во изјава за „Фокус“ тврдеше дека економскиот директор Никола Ташев го исфрлил од Стручен колегиум, го понижувал и навредувал. Од таму тврдат дека неговата изјава е тенденциозна со цел да се наруши угледот на клиниката.

– Сакаме да истакнеме дека доктор Поповски со ништо не беше предизвикан на седницата на Стручниот колегиум на сдницата која се оддржа на 23 март, каде што ја нападна доктор Лидија Петровска (овластен потписник на медицинска документација) и со недолично однесување го попречуваше работењето на Стручниот колегиум. Од овие причини, в.д. директорот на клиниката со цел да се соочува достоинството на клиниката го отстраниле доктор Нестор Поповски од седницата со малку повисок тон, но никако не дојде до некаков физички контакт, а не па физички напад – се наведува во демантот од Клиниката за токсикологија.

Доктор Нестор Поповски до пред три месеци беше в.д. директор на Клиниката, на местото на Андон Чибишев, кој стана пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој, исто така е шеф на интензивна нега на клиниката.

Поврзани новости