ЛДП: Колку се збогатил Никола Груевски за време на неговото владеење?

by Фокус

Никола Груевски, за кого е општо познато дека милува често да дава отчет што се сработил, дури и да брои фингирани проекти, фантоми, пензионери што одат на скијање, сега сметаме дека е време да каже јавно, пред македонските граѓани, колку се збогатил за годините додека беше на чело на Владата на Македонија, прашуваат од Либерално-демократската партија.

Тие бараат отчет од поранешниот премиер, за тоа колку тежи неговиот личен и семеен имот после десет години владеење во Република Македонија.

-Транспарентноста“ на Груевски треба да подразбира што поседува тој во моментов, како и со колкав имот располагаат неговиот брачен партнер и неговите родители. Исто така, отчет бараме и од неговите најблиски соработници, осомничени во случајот „Титаник“, поранешните министри, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески. Нивното заминување од Владата во никој случај не подразбира дека треба да го стават ‘под тепих’ анкетниот лист за нивната имотна состојба – се наведува во соопштението од ЛДП.

Според Законот за спречување на корупцијата (член 33), носителите на јавна функција имаат обврска во рок од 30 дена од стапувањето на должност да пополнат анкетен лист за имотната состојба. Истото важи и при напуштањето или преземањето на нова функција. Врз основа на тие податоци се следи дали во текот на мандатот функционерите драстично го зголемиле својот имот и доколку станале премногу богати, дали истото го направиле на законски или незаконски начин, се наведува во соопштението.

 

Поврзани новости