Полицискиот синдикат бара зголемување на плата на полицајците за 20 отсто

by Фокус

Македонскиот полициски синдикат го повикува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев веднаш да преземе засилени мерки и активности за заштита на полициските службеници на терен кои се изложени на опасност од зараза со коронавирусот.

Синдикатот апелира министерот Чулев, следејќи го примерот со најавеното покачување на платата на најизложените здравствени работници во борбата против ковид-19, да ја покачи за 20 отсто за март и април платата и на полициските службеници.

„Од денеска не смее да се дозволи ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција, бидејќи полициските службеници како никогаш до сега им се потребни на граѓаните“, велат од полицискиот синдикат.

Поврзани новости