Полицискиот час го прекршиле 53 лица, 384 санкционирани за неносење маска

by Fokus 11:03
11:03

Во периодот од 21:00 часот вчера до 5:00 часот утринава 53 лица не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, регистрирани се 384 прекршоци за неносење заштитна маска на лице на територијата на државата.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, за како што велат, сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19

Поврзани новости