Ангелов: Скара не е причина за пожарот во Галичник

by Fokus

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ говореше за пожарот во Галичник, кој за среќа беше навремено локализиран.

„Пожарот во Галичник беше изгаснат благовремено. Тој не се прошири во селото. Жителите и гостите, како и објектите и куќите не беа загрозени. Се уште не се знае која е причинат аза пожарот. Во текот на вчерашниот ден од страна на МВР се вршеше увид. Јас лично, заедно со претседателот на МЗ Галичник го разгледавме местото и постои можност причина да електриката, односно жиците од далноводите кои минуваат низ боровоата шума. Но ова е паушално тврдење и чекаме на одговор. Теренот кој беше зафатен од пожарот не беше голем, ја исклучувам можноста подготовка од скара да е причината“, вели Ангелов.

Поврзани новости