Полициски претрес во Кочани

by Fokus

Службеници од ОВР Кочани вчера расветлија 11 кривични дела „тешка кражба“, извршени на подрачјето на Кочани, откако по наредба од Основен суд Кочани извршиле претрес во домот на Д.А (19) од Кочани, кој ден претходно бил лишен од слобода заедно со М.К. (23) од Кочани, откако биле затекнати во вршење кривично дело „тешка кражба“ од репетитор-базна станица на телекомуникациски оператор.

При извршениот претрес, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени 32 предмета кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ од базни станици.

– Поради основи на сомнение дека се извршители на овие кривични дела, ОВР Кочани против Д.А. и М.К. ќе поднесе соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Одделението за внатрешни работи Кочани, како што стои во соопштението, презема засилени мерки и активности за расветлување и на други кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Поврзани новости