Заев: Не би се изјаснил дека сум Албанец за да се вработам во некоја државна институција!

by Fokus

Низ медиумите во изминатиот период имаше информации дека одреден дел на луѓе, македонски граѓани се пишале како Албанци со цел да добијат придобивки во општеството.

На ваквото прашање, премиерот Заев ги критикуваше ваквите постапки и рече дека тој се чувствува како Македонец и за тоа не треба дискусија.

„Секогаш ќе се изјаснувам како Македонец. Нема потреба од лажирање на податоците за постигање на одредена корист. Не смее да манипулираме дека сме нешто, а се чувствуваме различни од тоа што сме“, порача Заев.

Поврзани новости