729
Полициски час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, се посебните мерки што од денеска стапуваат во сила на грчкиот остров Миконос, јави дописничката на МИА од Атина.
Мерките што ќе важат до следниот понеделник, 26 јули во 6 часот наутро, претпладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, поради, како што рече „загрижувачкиот локален пораст на пандемијата со многу кластери“.
Хардаљас потсети дека на Миконос, како и во цела Грција, забрането е одржување на било какви настани во приватни простори со присуство на над 20 лица, а во спротивно предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.