606
Демонстрантите на Шарената револуција на патот кон Министерството за финансии беа сопрени од полициски кордони и водени топови, кои ја спречија толпата да ја продолжи маршутата.
Револтирани што не можат да го продолжат протестот, демонстрантите удираат по тарабите, поставени околу новите барокни фасади кои се градат во близина. Мал дел од оградата беше урнат, додека толпата скандира „Нема правда нема мир”
Демонстрантите во моментов се обидуваат да ја преминат полициската блокада од околни улички, но специјалните единици брзо ги затвораат сите премини до министерството.