Шарена револуција: Новата обврзница обврзува на протест!

by fokus

Шарената револуција вечерва маршира против новото задолжување на владата од 650 милиони евра.

На главниот транспарент на вечерашниот протест стои „1,1 милијарди причини за крај”, што ја прикажува сумата која државата би ја вратила за еврообврзницата заедно со каматите.

„Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не ги признаваме долговите на расипниците!“ -стои во повикот за вечерашните протести на Шарената револуција.

Демонстрантите маршот го започнаа пред канцелариите на СЈО, а од тука најверојатно ќе продолжат кон министерството за финансии.

Поврзани новости