Полицијата во Куманово фати избеган затвореник

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера вечер во КУманово е фатен затвореник кој избегал од затвор, и кој има за доиздржување на шест години и пет месеци од казната.

„Вчера во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(38) од Куманово. Тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „разбојништво“ по член 237 и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната.

Поврзани новости