758
Во изминатите пет дена специјалната полициска единица отстранила 420 човечки тела од улица, од автмобили и напуштени станови од Ла Паза и најголемиот град во Боливија, Санта Круз, извести АП.
Полицискиот полковник Иван Рохас, началник на оваа специјална полициска единица, изјави дека се претпоставува дека 80 до 90 проценти од пронајдените починале како резултат на Ковид-19.
Според боливискиот Институт за форензика, од 1 април до 19 јули специјализираните служби пронашле вкупно 3.016 тела на улиците кои се најверојатно жртви на смртоносниот вирус.
Заклучно со вторникот на полноќ, во Боливија официјално потврдени се 60.991 случај на Ковид-19 и 2.218 починати од ова заболување.