316
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека го уапсиле 34-годишниот државјанин на косовското село Вукош со иницијали И.С., поради сомнение за обид за убиство и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Воедно, од МВР соопштија дека го лишиле од слобода и 20-годишниот А.А. од Босна и Херцеговина, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурзори.
Тие се задржани во полициските станици во Кисела Вода и во Чаир за понатамошна постапка.