Иванов: Ако ја немаше Македонската револуционерна организација, невозможни ќе беа трите Илиндени

by Фокус

Корените на македонската револуционерна борба започнуваат со формирањето на Македонската револуционерна организација, на 23 октомври 1893 година, кога шестемина македонски дејци ги обедини една визија за исполнување на вековниот сон – слободна Македонија, вели претседателот Ѓорге Иванов во честитката по повод Денот на македонската револуционерна борба.

„Патот до слободата беше исполнет со предизвици, но нивната сплотеност и решителност за остварување на своите идеали им даде сила да истраат пред тешкотиите. Пламенот што го разгореа револуционерите го презедоа илинденците, борците во Народноослободителната и антифашистичка борба и АСНОМ-ците кои го остварија стремежот за слободна македонска држава. Без 23 октомври 1893-та, не ќе беа можни ниту трите светли Илиндени од 1903-та, 1944-та и 1991-та“ пишува во честитката на Иванов.

Поврзани новости