Полицијата тропа на вратата на Груевски

by fokus

Единицата за потраги, со асистенција на тим од Единицата за брзо распоредување ЕБР, и единицата “алфа” во моментот тропаат на вратата на Никола Груевски, во домот на Бихачка. Но, никој не им отвори. Полицијата останува пред домот за преземање следни мерки.

Ова следува откако судот од петок не можеше да го пронајде Груевски за да му го достави решението после кое треба веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

Доцна попладнево МВР распиша потерница по која и официјално Груевски стана бегалец.

 

Поврзани новости