Полициски службеници и комбиња веќе се распоредени на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“, каде во секој момент треба да пристигнат демонстрантите против судската пресуда за случајот „Монструм“, според која, шестмима добија доживотна робија за петкртаното убиство кај Смиљковското езеро. Протестантите, чија бројка засега е непозната, се движат од правецот на скопски Чаир, поточно кај ТЦ „Чаирчанка“, каде им биле поделени транспаренти.
За разлика од претходните протестизад денешните се јави официјален организатор во форма на координативно тело, чиј претседавач е Бедри Ајради. Во рамки на досегашните протести, од кои првиот беше насилен, а вториот мирен, учествуваа и јавни личности, како Ким Мехмети, Нури Сефери, Хисни Шаќири, Зијадин Села, Мерсел Билали, Исмет Рамадани, Африм Гаши…