Шиповиќ: Нема да го подржам криминалниот проект „Скопје 2014“

by fokus

ДУПовите не се ставени на дневен ред затоа што е лето или зима, туку затоа што имам законска обврска. Уште еднаш сакам да кажам дека нема да подржам проект или план поврзан со криминалниот проект „Скопје 2014“. Со ваква изјава, непосредно пред почетокот на седницата на општина Центар се обрати до јавноста советникот Мирослав Шиповиќ.

– Сакам да нагласам дека никогаш нема да дозволам мојата судбина  и на моето семејство да биде тема на политичко проофитерство, ниту на мојот СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Да ме интересираа пари, немаше да чекам осум месеци и да седам во притвор – истакна Шиповиќ.

Тој повторно не сакаше да одговори како ќе гласа за ДУПовите, Капиштец – Водно и Тасино чешмиче.

Поврзани новости