786
Тетовската полиција денеска го приведе Н.Д.(32) од селото Горјане за издржување на казна затвор од две години и шест месеци во тетовскиот затвор во врска со член 131 став 3 од Кривичниот законик.
Воедно, како што соопшти МВР, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле М.К. кој се барал по потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци во врска со член 247 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во затворот во Прилеп.