Полицијата пак приведувала терористи во Куманово

by Фокус

Уште неколкумина жители на Куманово се приведени утрината под сомнение дека биле во групата која ги помагала терористите во мај со кои полицијата се пресметуваше со оружје. И последните приведени, како и тие од пред десетина дена, биле логистичари и соработници на терористичката група.

МВР ќе соопшти детали во текот на денот, но извесно е дека оваа истрага ќе се спои со таа од пред неколку дена. За разлика од овој случај, првите приведени, уште во мај после акцијата, ќе им се суди во друг процес. Тоа се главните протагонисти, оние кои директно пукаа и усмртија полицајци. Таму истрагата е комплетирана и тече рокот за доставување докази од страна на обвинетите. Потоа ќе следува обвинителен акт и судски процес. Очекувано е тој да започне зимава.

Поврзани новости