Градска болница: Случаите со починатите се изолирани

by Фокус 11:55
11:55

-Веруваме дека во здравствените установи постојат изолирани случаи на неодговорни доктори, меѓутоа не треба според нив да се цени квалитетот на здравството во целина и не треба да се заборави напредокот постигнат во здравството во изминатиот период, се наведува во обраќањето на менаџментот во Градската болница „8-ми Септември“ од Скопје, по повод, како што наведуваат, зачестената пракса да се оцрнуваат доктори.

-Конкретно, за нашата болница е набавена опрема во вредност од 8 милиони евра, од што е вредно да се нагласат апаратите за магнетна резонанца, компјутеризирана томографија, дигитален мамограф, дигитален литотриптор, 4 дигитални рентген апарати, комплетна опрема за гастроентерохепатологија, неврологија, дерматовенерологија, 10-тина ехо апарати и многубројна останата опрема, а дополнително треба да пристигне и опрема во вредност од 2 милиони евра“, е само дело од јавното обраќање на раководниот тим на болницата.

- Advertisements -

Со ваквите  ставови на здравстените институции, а претходно и на Лекарската комора и на некои видни лекари, кои се во насока дека случаите со починатите пациенти се изолирани и дека не ја отсликуваат вистинската состојба во здравството, како да се прават обиди да се заштитат од одговорност високите фуноционери. Очекувано е дека сега властите ќе направат се да ги санкционираат директно вмешаните лекари во случаите, што е и во ред, но ќе направат и се да не ја прифатат својата одговорност.

Поврзани новости