334
Врз основа на судска наредба, вчера полициски службеници извршиле претрес во куќа и помошни простории во сопственост на Е.М. (52) тетовското село Јажинце, при што во една до собите пронашле 29 пакувања со марихуана со тежина од околу 30 килограми, еден куршум калибар 7,62 милиметри, две зрна од непознат калибар со ралична големина, мало најлонско ќесе со хашиш.
Како што соопштија од Министерството од внатрешни работи, пронајдените предмети со потврда биле одземени и предадени на вештачење, додека пак Е.М. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.