758
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден изрече вкупно 258 мерки, меѓу кои 16 за возење без возачка дозвола, 9 санкции за некористење на сигурносен појас, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон и 8 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло).
Како што информира МВР, изречени се и 84 мерки за непрописно паркирање и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
За неносење на заштитна маска, пак, изречени се 23 санкции.