Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово

by Фокус

Дваесет и четири годишниот А.М., сопственик на угостителски објект во Тетово, е лишен од слобода откако по извршена контрола било констатирано е дека објектот работи по дозволеното време и имало послужено 12 гости.

Од полицијата известија дека испектори од СВР-Тетово, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, по документирање на случајот ќе поднесат соодветна пријава против А.Ш.

Во меѓувреме, објектот е времено затворен.

Поврзани новости