СДСМ: Канабис-индустријата носи 250 милиони евра годишно

by Фокус

Како врвни приоритет на новата стратешка рамка „Акција 21“,  Владата предводена од СДСМ се поставуваат заложбите за отворање можности за нови економски потенцијали, велат од владејачката партија.

„СДСМ како одговорна партија, цврсто е поставена на европскиот пат, врамени во „Акција 21” , со што Европа ја носиме дома. Во таа насока се постапките за измени или дополнувања на Законот за данок на имот, на законските можности за легализирање на автомобилите со странски таблички, како и за можностите за стимулирање и погодности за ставање во функција на кеш парите коишто граѓаните ги чуваат дома или на парите од заштеда или добивка“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека канабисот е една од најдинамичните индустрии во светот.

„Покрај придонесот во лекувањето на одредени болести, оваа индустрија во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места и токму затоа и понатаму е потребна поддршка на компаниите кои влегуваат во овој бизнис, а според проценките, годишниот прилив на средства од оваа дејност е предвиден на околу 250 милиони евра“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија посочуваат дека следува и приватизација на државното земјоделско земјиште.

Поврзани новости