378
Полицијата во Грачаница во БиХ истражува дали група момчиња силувале врсници.
Во јавноста се појави информација дека силување на момче е снимено со мобилен телефон и објавено на социјалната мрежа ТикТок.
Од полицијата во изјава за Независне новине не можат да потврдат дали станува збор за силување, но изјавиле дека е снимен „инцидент“ и дека истрагата е чувствителна поради заштита на малолетници.
Според непотврдени информации, се работи за деца на возраст од девет или десет години, а настанот се случил во селско училиште.
Се споменува уште еден случај на силувана девојка, за кој не може да се дознае ништо официјално., пишува Независне.