Србија најавува враќање на безбедносните сили на Косово

by Фокус

Српскиот директор на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ и се обрати на јавноста на вонредна прес-конференција поради полицијата во северно Косово.

-Како што предупредувавме, Курти продолжи со незаконски и насилни акции насочени кон окупација на северно Косово. Околу 300, 350 полицајци, облечени во панцири и припадници на РОСУ со целосна воена опрема и оклопни возила го нападнаа северот на Косово… Потоа се разделија и ја блокираа цела Косовска Митровица, а беа стационирани во мешаните населби од северниот дел на Косовска Митровица – рече Петковиќ.

Тој додаде дека албанската полиција од југ изврши инвазија на северот на Косово, иако, според него, тоа е спротивно на договорот од Брисел.

-Сите го знаат тоа многу добро и сите се прават луди и му дозволуваат на Курти да презема такви акции. Сега имајќи предвид дека Курти сака да предизвика насилство и да ги протера Србите од Косово и Метохија, Белград ќе размисли за враќање на 1.000 наши безбедносни сили на Косово и Метохија според резолуцијата 1244 – рече Петковиќ.

Поврзани новости