(ВИДЕО) Косовската полиција влезе во Северна Митровица

by Фокус

Повеќе од 200 вооружени специјалци на косовската полиција, придружувани од оклопни возила, вечерва влегоа од јужниот во северниот дел на Митровица, јави Радио-телевизија Србија.

Специјалците влегле пеш во Северна Митровица, придружувани од бројни оклопни возила и се распослале низ градот, јавуваат новинарите од местото на настанот.

Засега е тензично, но нема инциденти.

Во меѓувреме граѓани на Северна Митровица, според медиумите, почнале да се собираат на улиците и разговараат за се што се случува последните денови, притоа дополнително кревајќи ја тензијата во градот.

Според порталот „Косово онлајн“, фрлени се и две шок бомби, но засега нема повеќе информации околу ова.

Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Крејзиу, вечерва за Радио Слободна Европа изјави дека на северот на Косово е испратена „само полиција“, демантирајќи ги медиумските извештаи во Србија дека специјалните единици биле испратени на северот на Косово.

Поврзани новости