Амбасадата на САД во земјава денеска околу 18 часот пријавила во Министерството за внатрешни работи дека пред главниот влез на амбасадата на скопско Кале било паркирано возило пикап, кое, по проверките на обезбедувањето на амбасадата со детектори, испаднало позитивно на тестирање на експлозив, дознава Фокус.
Според нашите неофицијални информации, МВР веднаш испратило припадници од единцата за антитероризам, чија првична проверка не пронашна траги на експлозив, но сепак, возилото го одзеле за дополнителни испитувања.
Инаку, веќе објавивме дека полицијата интервенирала во американската амбасада и го блокирала сообраќајот пред резиденцијата, но ниту од МВР ниту од дипломатското претставништво не открија за каков инцидент станува збор.
Во меѓувреме, оваа амбасада преку твитер-профилот објави дека вечерва останала без комуникации преку домашните телекомуникациски оператори и дека за сите потреби ќе се комуницира преку американска линија.
В.С.