746
Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, вчера во изјава за емисијата „360“ на Алсат М рече дека СЈО на чело со Катица Јанева е таа институција што ќе ги притисне криминалот и криминалците до ѕидот на правдата.
-Желбата на правдољубивите граѓани ќе стане реалност и тоа ќе се случи многу скоро. Имајте предвид, ниту судот не е железо. Тешко се брани неодбранливото, изјави Фетаи.
Таа вчера одржа предавање пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.