Полицијата го привела заканувачот Емил Јакимовски

by Fokus

Полицијата го приведе Емил Јакимовски. Засега нема информации која е причината за неговото приведување, но против Јакимовски кој беше вработен во Централниот Регистар, имаше повеќе пријави кои лицето ги имало за семејно насилство, но и по последните пријави на новинарките Мери Јордановска од „А1он“ и Искра Коровешовска од „ТВ Алфа“ за навреди и закани преку социјалните мрежи, неофицијално дознава „Фокус“.

Од Обвинителството за Фокус објаснуваат дека Јакимовски не бил приведен по нивна наредба бидејќи Министерството за внатрешни работи се уште нема поднесено кривична пријава против Јакимовски до Обвинителството. Според неофицијални информации најверојатно полицијата постапува за обезбедување на докази за кривична пријава против Јакимовски.

Пријавите во полиција против Јакимовски биле поднесени од повеќе лица, но има и од институции.

И Централниот регистар соопшти дека директорката Марија Бошковска Јанковска, но и други вработени во институцијата имале закани од Јакимовски кој е избркан од работа поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.

Поврзани новости