Полицијата го најде Агим Исмаиловиќ

by fokus

Пред малку полицијата успеа да го пронајде Агим Исмаиловиќ, обвинет во “Монструм”, по кој се трагаше, по сомнеж дека избегал, дознава “Фокус”.

Откако првично бил недостапен, дознаваме дека пред малку бил лоциран во близина на својот дом.

Информацијата ни ја потврдија и од МВР и од Кривичниот суд, од каде што додаваат дека обвинетиот во моментот се носи во истражниот затвор “Скопје”.

Откако обвинителката Фатиме Фетаи денеска побара на Исмаиловиќ да му се одреди притвор, судијата му дозволи да ја напушти судницата до носењето на одлуката, иако обвинителката бараше да биде задржан.

Тогаш се уклучи алармот дека можеби избегал, по што судот даде наредба до МВР да го пронајде. Се појави и информацијата дека Исмаиловиќ не планирал да бега, туку по дозволата на судијата сметал дка може слободно да се движи.

Тој е еден од осомничените за петкратното убиство што се случи во 2012 година кај Смиљковското Езеро. Притвор е одреден и за Фејзи Азири.

Случајот “Монструм” е при крај. Наскоро се очекуваат завршни зборови и пресуда.

В.В.

Поврзани новости