436
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ги презема сите мерки за утврдување на околностите и расветлување на инцидентот кој се случил пред кафе барот Платиниум во Струмица во раните утрински часови.
Дел од медиумите објавија дека станува збор за тепачка во која бил вклучен телохранителот на стумичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев – Александар Трајков.
Од СДСМ, пак, информираа дека Трајков ќе биде отстранет од придружбата на Заев во исчекување на наодите во МВР.