Полицијата ги запре демонстрантите пред паркингот на резиденцијата

by Фокус

Демонстрантите предмалку стигнаа на Водно, но нивното движење беше ограничено од страна на полицијата која со полициски кордон ги запре на улицата пред главниот паркинг на претседателската резиденција.

Бидејќи не можеа да дојдат поблиски до резиденцијата, граѓаните се стационираа таму, каде што го поставија и озвучувањето од кое ечеше песната „Во борба македонски народе“. Потоа се пуштаа снимки од „бомбите“ кои ги објави опоцизијата. Прво беше пуштен разговорот меѓу вицепремиерот Ставрески и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во кој Ставрески вели „Трошиме за чоколадо, а немаме ни за леб. Ние сме лудаци“.

Потоа следуваше уште еден нивен разговор, во кој зборуваат како градоначалникот на Битола, Владмир Талески, склучувал криминални договори за превоз на ученици. За овие сомненија, СЈО го отвори предметот „Транспортер“.

Граѓаните денеска за првпат дојдоа на гости пред домот на претседателот Ѓорѓе Иванов за да го потсетат дека едно од главните нивни барања е тој да ја повлече општата аболиција со која ги аболираше политичарите и нивни блиски соработници.

Поврзани новости