СЈО побарало одземање на пасошите на осомничените за рушењето на „Космос”

by Фокус 18:48
18:48

Специјалното јавно обвинителство побарало одземање на пасошите на четири осомничени лица во предметот „ТНТ”, случај поврзан со незаконското рушење на објектот „Космос”.

Меѓу нив е градежната инспекторка од Гази Баба, Елисавета Најдовска, поради издавање решение со кое незаконски  бил срушен објектот.

- Advertisements -

Освен одземањето на патната исправа, СЈО побарало да и биде ставена и обврската постојано да се јавува во Кривичниот суд. Истите мерки тимот на Катица Јанева ги барал и за останатите тројца осомничени – членови на комисијата за јавни набавки во општината.

Инаку, во случајот „ТНТ”, осомничени беа и експремиерот Никола Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески, дека го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски да најде начин и незаконски да го сруши објектот Космос.

Но, освен Најдовска овие функционери беа помилувани од претседателот Иванов и засега не се осомничени и немаат кривична одговорност.

Поврзани новости